logo

# Сатира

Влада на РМ: Прирачник со совети за заштита од руско влијание

насловна слика

Додека граѓаните се подготвуваат за дочек на новата година во Владата се' уште се работи, па така во очи на почетокот на празниците, прес службата објави прирачник кој треба да им помогне на граѓаните да го препознаат, но и да се заштитат од руското влијание.

Во прирачникот најголем простор е посветен на руската салата како најголема закана за хибридни напади, потоа количините во кои таа може да се консумира, а сепак да се остане проевропски ориентиран, а има и поглавја за водката, боршчот и бабушките.

Од партијата на Јанко Бачев го осудија лицемерието на владата, која според нив не смее ни да помисли, а не да дава совети за руска и најавија дека ќе поднесат претставка до Уставниот суд таа да се забрани на трпезите на функционерите од владината коалиција.

Коментари


Остави коментар