Шокантна вест! Екипата на Кооперација дознава дека лидерот на ЛЕВИЦА - Димитар Апасиев во моментов се наоѓа во Гвантанамо Беј, каде што е сериозно измачуван од страна на силите на САД!
Оваа вест доаѓа само неколку денови откако тој јавно кажа дека ќе се бори за поништување на договорот од Преспа, а шокантната информација вели дека ние овие денови гледаме некој друг - човек што го имитира Апасиев, а не е вистинскиот Апасиев!
"Глумец е. Имаат Америте глумци за секој човек. Ќе го фатат, ќе го измачуваат, а на негово место викаат некој што ќе го глуми, за никој да не се посомнева. Вистинскиот Апасиев е во Гвантанамо Беј и таму го измачуваат. Ти си мислиш туку така САД ќе дозволи некој да им оди контра? Одма го расплакуваат..." - ни кажа еден постар човек кој пиеше ракија пред локалната продавничка, а ни вети дека има и други информации од светската политика. Ние едвај чекаме за понатамошната соработка со него.