logo

# Сатира

ВИСТИНОМЕР: Славјанка НЕ Е стрелана во Обединетото Кралство

насловна слика

Редакцијата на ВИСТИНОМЕР ја измери вистината и мора да реагира на ширењето невистина од страна на проруските медиуми (за кои немаме информација дека постојат), како и медиумите на опозицијата на Вашата Земја (за кои исто така немаме информација дека постојат), за и околу ('околу' во широка смисла на зборот) лицето Славјанка, меѓу кои најневистина е онаа дека е стрелана од страна на почесната гарда на нашата сакана кралица.

ВИСТИНОМЕР, со 94.7% сигурност, тврди дека Славјанка НЕ Е стрелана !!

Дел од екипата меѓу војниците, ДА, се од стрелачкиот вод од Втората светска, другарчиња на кралицата од минатиот век, од времето кога имала само 78 годинки, но тоа бидејќи кај дел од нив се ширела НЕВИСТИНА (а тие во Британија немаат ВИСТИНОМЕР) дека Славјанка планира да ја замени нивната сакана кралица.

Кога сме кај саканата кралица, Славјанка не го носи оној крој од баба и, иако наликува, крој во кој сака да е во него дента кога ќе замине таму каде што се води вечната битка, туку моделот е од Бурда, март 1988, со наслов "Шта носи данас на себе кралица Елизабета Друга, а ЈЕ уторак, цео дан". Од таму го има видено кројот, бојата, мерките, удрила на дигитрон пута 5 и ова комплетче сама го скроила во чест на саканата кралица на Обединетото Кралство и Вашата Земја.

Подвижното постолје со носивост до 0.2 т, на кое можеме да забележиме како стои Славјанка, НЕ Е колска вага или друг вид на вага за мерење на стока, туку пиедестал за пречек на 'гости од важност' со тежина под 0.2 т.

Химна, знаме и човек за пречек на Славјанка немало, тоа Е вистина, но тоа е така од преголема почит, никој така претходно не бил пречекан во Обединетото Кралство, но и по уредно доставеното Барање на самата Славјанка, која како и секогаш не сака да прави ПР пропаганда од настани, ретко се појавува во јавност со неинтелегентни соопштенија, а во случајов и не беше добро непријателот да знае каде може да ја најде, т.е. гаѓа.

Зошто Славјанка чекореше во штикли и 7/8ки панаталони (позната големина за по риба) по ровката британска почва, можна кал, околу Палатата, како и зашто одеше "Јовано Јованке", т.е. што им значи таа нумера на британската гарда што отпоздравуваа на неа, тоа не знаеме и секое ширење на невистини ќе го сметаме за невистина, по што ќе пристапиме кон мерење и ќе бидете благовремено известени за резултатите.
...
Ваш ВИСТИНОМЕР - секогаш тука со вистината што не можете да ја препознаете, а ние ви ја нудиме да ја прифатите како единствена, за среќа и спонзорирана од Владата на Вашта Земја, за Ваше добро и наш хонорар.

Коментари


Остави коментар