logo

# Сатира

ВИСТИНАТА ЗА ОСКАРИТЕ! БОМБА: Груевски нарачува шамари за Крис Рок!

насловна слика

Краток телефонски разговор во кој се слуша гласот на нашиот поранешен премиер, Никола Груевски, како договара шамари за комичарот Крис Рок со агентот на актерот Вил Смит, осамна утрово на каналот "Вистината за Оскарите" на Јутјуб и во моментов е во топ 3 трендинг видеа на платформата.

 

Во разговорот азилантот Груевски спомнува стенд ап настап во Будимпешта, на кој комичарот го исмејувал него и неговата придружничка и го убедува агентот дека за шамари не се одговара кривично, туку само прекршочно, со гаранција дека ќе ги покрие судските трошоци доколку дојде до било каков процес.

 

Веднаш по објавувањето на снимката, Груевски напиша статус во кој, претпоставуваме, ја демантира веродостојноста на разговорот, но не можеме да тврдиме со сигурност, затоа што текстот беше многу долг и нѐ мрзеше да читаме.

Коментари


Остави коментар