Нашиот премиер се пофали како човек што навистина го бива за фудбал! Тој на нашата редакција и се пофали дека погодил 11 од 12 мечеви што до сега се одржаа во нокаут фазата на Европското Првенство!
Некои ќе го наречат ова "фејкњуз" ама премиерот Зоран Заев ни објасни која е тајната зад погодувањето на 11 од 12 мечеви во нокаут фазата на ЕП!
"А бе види, ептен е едноставно. Значи чекаш да почне мечот. И откако ќе почне мечот, горе во левиот ќош пишува кратенки. На пример на еден меч пишуваше UKR vs ENG. И јас ПОГОДИВ ДЕКА МЕЧОТ Е УКРАИНА ПРОТИВ АНГЛИЈА! И вака со оваа тактика ги погодив сите мечеви што се одвиваа! Баш правев муабет со едно мало детенце и тоа ептен ми се чудеше вака, тој 8 од 12 погодоил до сега. Ама добро, со труд и многу работа ќе стигне и тој до ова мое ниво на погодување!" - кажа Заев.
Го прашавме кој е единствениот натпревар од нокаут фазата што не го погодил, а тој ни кажа:
"А да... тоа... а бе... се дешава. AUT-ITA... Мислев Австралија-Италија дека играат... после се појави AUSTRIA.... па не ми текна дека Австралија не е дел од Европа дека не го имаат сменето името уште..."