logo

# Сатира

Видеото со пожарот во Америка, што го гледал Стојанче, било забавено 2 пати

насловна слика

Грешка во поставките на Јутјуб каналот во Центарот за управување со кризи (ЦУК), поради која сите пуштени видеа биле забавени за 3 пати, е причината поради која директорот на оваа институција, Стојанче Ангелов, реши повторно да излезе на прес и да ѝ се извини на американската амбасада, како и на сите американски граѓани по неоснованите критики за ефикасноста на нивните противпожарни служби.

 

- Кој гледа видеа на Јутјуб од пожари по други држави, тој и греши. Како инаку човек ќе научи?! Еве, јас денес прв пат слушнав дека имало опција видеата да се гледаат и забавено и ова за мене е одличен ден. Секако ако го исклучиме пожарот, токсичните материи во воздухот и можноста тој да се прошири...со исклучок на овие ситници, екстра ден! - возбудено рече Стојанче.

 

По негова наредба ЦУК веќе е објавен и тендер за враќање на Јутјуб поставките на фабрички подесувања, за кој е планирано да се потрошат не повеќе од 100 илјади евра.

Коментари


Остави коментар