logo

# Сатира

Венко: Со секоја вакцина добивате прашок и ЦД од Здравко Чолиќ!

насловна слика

Одлични вести од министерството за здравство!

 

Најновата мерка би требало конечно да го реши проблемот со анти-ваксерите во земјава и би требало да ги мотивира сите луѓе да се вакцинираат!

 

Мерката вели дека со секоја вакцина, граѓаните ќе добијат прашок и ЦД од Здравко Чолиќ!

 

"Конечно, најдовме нешто што ќе ги мотивира граѓаните да се вакцинираат!" - оптимистично викна Венко Филипче на пресот за новинарите.


Откако го потсетивме дека има микрофон и не мора да вика, тој во понизок тон продолжи со објаснување:

 

"Вакцина плус прашок плус ЦД од Здравко Чолиќ. Има ли боље? Нема! Нема, не ќе се роди на овој бели свет! Размислувавме на долго и широко како да ги мотивираме анти-ваксерите и буричкавме низ историјата на гага работи. Дознавме дека најуспешниот проект бил пред 10-15 години кога со прашок одело ЦД од Здравко Чолиќ. Еве, јас на пример тогаш прашокот го купив само ради ЦД-то. Во министерство десетина луѓе се исти како мене! Затоа веруваме дека прашок+ЦД од Здравко Чолиќ е најдобро решение за се и сешто - па дури и кога станува збор за мотивирање на луѓе да се вакцинираат!" - изјави Филип Венковче.

Коментари


Остави коментар