Ден откако одекна веста за пожарот во Тетово, министерот за здравјебоже - Венко Филипче, објави дека не планира да си даде оставка, исто како што тоа не го направи ни за време на КОВИД пандемијата.
"Дечки. Тешко е да се најде работа која те исполнува. Мене навистина ме исполнува да бидам министер за здравство. Добро, луѓе умирале. Сфаќам тоа, ама јбг, сите ќе умрат еден ден. И у времето на министерот за смрт исто умираат луѓе, ама цела среќа сите твитерџии ги вработивме, па сеа никој не прави вакви зафрканции за мене како за Тодоров.
А Тодоров?
Кај е сеа? Фала богу, нити одговара, нити си лежи. Исто како што јас нема никогаш ни да одговарам ни да лежам.
А што ќе праам? Исто што прави и Никола Тодоров.
Ќе треба пишувам статии некои за некој смешен хонорар од илјада-две илјади евра? Не, батали таа работа, монотона е ептен, ич нема појавување пред камери, само седење дома и пишување. Пензионерска работа е тоа. Можеби за дваесетина години ќе му се придружам на мојот драг пријател Никола Тодоров. Сега за сега ќе си продолжам со ова, а тој ќе си продолжи со статиите. Па после, кога ќе му здосади, можда ќе се смениме, па тој малце ќе биде министер, а ја ќе пишувам статии" - изјави Филипче.