logo

# Сатира

Венко и Тодоров ќе прават своја партија - СМРТ!

насловна слика

Конечно! Политичкото небо на нашата земја ќе добие нова светла ѕвезда!

 

Имено, Венко Филипче и Никола Тодоров ќе направат своја партија! Конечно владеењето на СДСМ и ДПМНЕ ќе може да биде прекинато поради политичари од... СДСМ и ДПМНЕ?

 

Како што дознава Кооперација, сегашниот (??? уште е??? како бе???) министер за здравство заедно со минатиот министер за здравство ќе направат своја партија и ќе пробаат да влезат во собранието на следните избори.

 

Партијата ќе биде социјалистичка и ќе се вика СОЦИЈАЛИСТИЧКА МАКЕДОНИЈА за РЕФОРМА и ТРИУМФ или скратено - СМРТ. Ова беше најавено на прес на СМРТ:

 

"ЈАС СУМ ЗА СМРТ! БИДИ И ТИ!" - започна пресот со зборовите на Венко Филипче.

 

"СМРТ е иднината на Македонија! Без СМРТ нема ништо! СМРТ ќе доминира за пар години од сега!" - дополни Никола Тодоров.


Потоа, двајцата продолжија со ветување на позтивни работи кои ќе станат реалност само ако добијат мнозинство на следните избори.

 

Нашиот сајт е презадоволен да види дружба помеѓу двајца морални, интелигентни и луѓе со познавање на зборот морал.

 

Со среќа нека им е!

Коментари

kUutDo06gEvHcQSRsmMGPQWi86TVXJjABGM4fNae

профи гробари….


Остави коментар