logo

# Сатира

Венко Филипче: Станав потпретседател на СДСМ бидејќи многу добро се снаоѓам со смртоносни вируси

насловна слика

Господинот Филипче на последниот конгрес на СДСМ беше награден за неговото одлично справуавње со КОВИД кризата и беше назначен за потпредседател на Сојузот. 

 

"Навистина сум горд што денеска господинот Филип Венковче ќе стане потпредседател на СДСМ. Тој одлично се справи со пандемијата и можеме само да се надеваме дека своите таленти ќе ги покаже и на новата позиција. Многу често луѓе ме среќаваат на улица и ми велат "Зоран ти си само за лечење" или "Зоран, на СДСМ му треба доктор!!!" и така ми текна дека најдобро нешто во моментов би било да го ставиме господинот Филип Венковче на оваа позиција. Ако покаже барем третина од работите што ги покажа при справување со КОВИД пандемијата тогаш партијата ќе биде на прав пат! Горд сум!" - изјави Зоран Заев.

 

Овие честитки со отворено срце и голема прегратка ги прими господинот Филипче кој се заблагодари со зборовите:

 

"Цел живот се справувам со бактерии, микроби, канцери и останати сериозни здравствени проблеми. Цел живот сум вршел операции. Горд сум што ја добив оваа позиција. Ми рекоа дека сум станал потпредседател бидејќи многу добро се снаоѓам со смртоносни вируси. Навистина ми е чест! Ве уверувам дека ќе пробам се што можам за да ја однесам партијата на прав пат!"

 

Кога беше запрашан за тоа кога ќе може да ги видиме неговите први резултати како потпредседател на СДСМ, тој ни кажа дека следните две недели се клучни.

 

 

Коментари

yWBXOL5tzn0k8Mnnkme9skEOjPQ619JHqNYjaTmk

Да, да , нашироко познат колекционер на истите...


Остави коментар