Господинот Венко Филипче делуваше навистина тажно и депресивно, па екипата на Кооперација реши да му се доближи и да го праша дали има некаков проблем.
Тој кажа дека нема никаков проблем и дека се е во ред. Ние тргнавме да си одиме, а тој кажа "ЕТЕ ВИДИШ ТОА Е ПРОБЛЕМОТ!"
Го оставивме да си ги каже маките и го ислушавме.
"ТОА Е ПРОБЛЕМОТ. И ТИ СИ ОДИШ. СИТЕ СИ ОДАТ. МАЛЦЕ КРИЗА И СИТЕ ОДМА ГЛЕДААТ НА ДРУГО МЕСТО. НЕМАЛО ВАКЦИНИ...И ШТО ОДМА ОТИДОА ВО СРБИЈА! ПА И ЈА СУМ ЧОВЕК БЕ! ДОБРО, ОК, НЕ МОЖАМ ДА ПОНУДАМ ТОА ШТО НУДАТ И ДРУГИТЕ... АМА И ЈАС ИМАМ ЕМОЦИИ! И ЈАС ЗАСЛУЖУВАМ ДА МИ СЕ ДАДЕ ШАНСА! ЗОШТО НЕ МОЖЕТЕ СО МЕНЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРАТЕ ВО МАКЕДОНИЈА?!?! ЗОШТО МОРА ВО СРБИЈА?!? ШТО?? НЕ СФАЌАМ?
И еве... гледам вести... немало лични карти и немало пасоши, а?
Е ПА ОТИДЕТЕ КАЈ ВУЧИЌ НЕКА ВИ ДАДЕ!!!!
ШТО? НЕ МОЖЕ ДА ВИ ДАДЕ?
ВИДИ МАЈКАТАААА... А МОЖЕВТЕ ЗА ВАКЦИНИ У СРБИЈА ДА ОДИТЕ, А СЕГА НЕ МОЖЕТЕ??? СЕГА КАО ДЕМЕК ЌЕ ПОЧЕКАТЕ А????? А ЗА ВАКЦИНИ НЕ МОЖЕВТЕ ДА ПОЧЕКАТЕ, А?!?!!
ЈАС СУМ КРИВ... ЈАС СУМ КРИВ ШТО ПРЕМНОГУ СЕ ГРИЖАМ...
На сите сум им последен избор... на сите...." - со солзи низ очите ни раскажа Венко Филипче.