logo

# Сатира

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ НЕ Е ПОВЕЌЕ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО!

насловна слика

Вонредна вест! Венко Филипче не е повеќе минситер за здравство откако си поднесе оставка од морални причини после загинатите лица во модуларната болница во Тетово.


"Се чувстувам лошо. Давам неотповиклива оставка како министер за здравство. СДСМ не е како ВМРО-ДПМНЕ. Ако можеше Гордана Јанкуловска да си даде морална оставка, секако можам и јас. Побогу, не сум јас како Никола Тодоров! Никола Тодоров беше министер за смрт. Вистински моралните луѓе се покажуваат на мака. Оваа оставка нема да им го олесни животот и маката на семејствата на починатите но е најмалку што можам да го поднесам. Се извинувам до небото и назад. Само преку морални одговорности може да одиме напред. А знаете, СДСМ секогаш се залагал за прогрес. Си давам оставка. Неотповиклива." - кажа Венко Филипче на прес за медиумите на денешен датум, 9.09.2021.

 

Забелешка: Ова е сатира. Венко е уште министер. Да не помисли некој дека ова е вистина. Не е. Не живеете во нормална држава. Жалам.

Коментари


Остави коментар