logo

# Сатира

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: Имам тетоважа од Шерлок Холмс!

насловна слика

Јавноста добро знае дека моето мото е, било и ќе остане „ќе покаже истрагата“. Мислам, така ме учеа од мал, иако кога некогаш ќе скршев чаша или прозор, и притоа немав среќа никој да не ме види, сепак секогаш се потпирав на истражните органи.

Така сум поминал повеќе казни – неказнето. Воедно би сакал да истакнам, за да биде појасно за граѓаните, дека навистина се потпирам на стручноста на истражните органи.

Како доказ во мојата верба кон нив, уште од времето кога студирав во странство, имам тетоважа од Шерлок Холмс која само го зголемува значењето на моето мото, но нема да откријам на кој дел од телото ми е, бидејќи истиот може да биде злоупотребен. Сепак, не може сѐ да е транспарентно до толку.

Рече министерот Венко Филипче додека едвај седнуваше на столот. Тој воздивна и дополни:

Веќе неколку ноќи се појасно замислувам како му беше на Грујо кога се возеше у тоа багажникот и да ви кажам право во последно време многу се загледувам во багажници. Има секакви. Големи, мали, помали... но, работата е што јас станувам сѐ поситен и сметам дека сегде ќе ме збере.

Поради градацијата на ситнење, не само моја туку и на на мојот другар Зоки, сметам дека и двајцата би нѐ собрало во истиот багажник. И зошто да не? Но, сепак пронаоѓањето на вистинскиот багажник за оваа намена е круцијално.

За оставка не сакам ни да размислувам, треба да увидат истражните органи дали навистина граѓаните тоа го бараат од мене, или е само поради љубомора на мојата способност да станувам се поситен. Сепак, ќе покаже истрагата.

Рече министерот Филипче и конечно седна на столот.

Коментари


Остави коментар