logo

# Сатира

ВЕНКО ДО ПУТИН: ВЛЕЗ ВО УКРАИНА САМО СО 2 ДОЗИ ВАКЦИНА!

насловна слика

После Славјанка, со свој став за кризата меѓу Украина и Русија се појави и поранешниот перфектен министер за здравство - Венко Филипче.

 

За разлика од голем дел од граѓаните во земјава, тој вели дека не избира своја страна во конфликтот и дека најбитно му е здравјето на луѓето.

 

"Путин сакал да влезе во Украина? А бе ок... вакциниран е? Два пати? Кај и да сакаш да влезеш битно е две дози вакцина да имаш. Греота ќе ми биде ако влезат да масакрираат Украинци невакцинирани. Не знам. Еве, мора ли да  влегуваат? Нека почекаат некоја болница во Крим да се запали или шо ти знам таму... Ама ете, ако мора да се влезе во Украина... би му препорачал на Путин да влезе само ако има примено две дози на вакцина!" - одговори поранешниот перфектен министер за здравство во интервју за нашиот сајт.

 

Коментари


Остави коментар