logo

# Сатира

Венко: АКО НЕМАТЕ ГЛЕДАНО SQUID GAME - НЕМА ВЛЕЗ ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТРИ!

насловна слика

Нови мерки од министерот за здравство! Венко Филипче (чек, уште е овој министер бе?!?!?!?!) денеска објави дека сите што ја немаат гледано познатата серија "Squid Game" нема да смеат да влезат во трговските центри во државава.

 

"Значи главна тема на разговор е. Сите зборат за тоа. Денеска дојдов на работа и ме прашаа десет луѓе дали сум ја гледал.  Ако јас, покрај сите митинзи и немање на срам и морал успеав да најдам време за серијата... имате и вие! Башка, што ќе ви е да влезете во трговски центар ако не сте во тек со серијата? Ќе ве праша продавачката дали си ја гледал серијата... и што? Ќе ја лажеш? Не е во ред. И не заборавајте - ако сте ја гледале серијата... ОБАВЕЗНО НА СИТЕ ДА ИМ КАЖЕТЕ ДА ЈА ГЛЕДААТ. Во спортива - исто како да не сте ја гледале. Ете така." - изјави министерот (не, озбилно, зошто е овој уште министер????????) за здравство на прес за медиумите.

Коментари


Остави коментар