logo

# Сатира

Веднаш по пријавувањето во струшкиот затвор: Мијалков доби 3 месеци отпуст оти дошол точно на време

насловна слика

Новиот жител на струшкиот затвор, Сашо Мијалков, кој денес сам се пријави за отслужување на тригодишната казна за перење пари, веднаш доби тромесечен награден отпуст, поради, како што рекоа од управата на затворот „позитивниот пример што го оставил за сите други затвореници“.

 

- Најпрвин, би сакал да му се заблагодарам на господинот Мијалков што го избра нашиот затвор и да му посакам брзо и лесно одлежување на казната. Со неговиот денешен, неверојатно културен гест - да се појави на капијата во договореното време, тој уште повеќе порасна во моите очи и поради тоа, ние како ДУИ управа, решивме да го наградиме со 3 месечно паузирање на казната, кое ќе стапи на сила веднаш! – изјави управникот на струшкиот затвор.

 

Тој појасни дека доколку поранешниот директор на УБК го повтори делото и пак се врати на време после истекот на отпустот, уште еднаш ќе биде награден за својата прецизност, но овој пат ќе мора да остане надвор од затворот до крајот на неговата затворска казна.

Коментари

Z0gVsT0fOSBPK0eLdowCPy0F0YRbsOaMSSKDJwHv

Marsh apashi

emV1Ot7OTB76EXJ4vl1uHVRwwqJSrsH5dVzLqrmf

Без кпментар

EUSH3W6zTBEvSKZjCCGVB3iubqbZVzF5PoIWSCzJ

Sramota ova e nadvor od site zakonski normativi drzavata dtana privatno vlasnistvo na mnogu mal broj na neluge i na toa ke im dojdi kraj

qXIdXjScuPTfbJLighx9BqlmTLf4S8ff6Vbba83k

ne se najde chovek sho ke ja vodi drzavata kako sho treba, seto apashi

yZgXGAkaTRdxPFXqioGCQivTOnewRnuTbFr3eK3Z

I torta trebalo da mu napravite


Остави коментар