logo

# Сатира

Веднаш откако Ковачевски соопшти дека има диплома: Миликије стана и магистер по право

насловна слика

Помалку од 5 часа ѝ беа потребни на мултиталентираната поранешна градоначалничка на општина Арачиново, Миликије Халими, за да блесне во сиот свој сјај и експресно да го надгради знаењето од областа на правните науки, кое денес ѝ донесе магистерска титула

 

- Горд сум што можам да ви соопштам дека мојата соработничка по неколкучасовно, макотрпно учење, успеа да се закити со титулата: магистер по правни науки и да ги замолчи сите зли јазици со своето знаење. Инаку, како што ми кажа Миликије, сакала денес и да докторира, но бидејќи печатачот останал без тонер, се откажала од намерата. Како и да е, сигурен сум дека до утре ќе стане и доктор на науки. - рече Ковачевски.

 

Кооперација се обиде да стапи во контакт и со новата магистерка за да ѝ го честита успехот, но таа само кратко прокоментира дека има многу за учење и веднаш ни ја спушти слушалката.

Коментари

dufWzfV7hews83YcJSwCOaeHGfcPWBQskZIU7RwO

хахаха… се интелектуалци во нашата ни влада….

ZewVAwzTshabOEk2MTU5OjFzcf6FNzLdbrheyGXH

Сфе учени, сфе даимибан


Остави коментар