Браво! Добрососедство на ниво!
Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во рамките на одбележувањето на Охридскиот рамковен договор годинава организира таканаречен „PEACE FESTIVAL“, како и Школа за млади лидери „Peace Forum Dialogue“.
Првото издание на фестивалот кој се стреми да стане традиционален, ќе се одржи на плоштадот „Скендербег” во Скопје со настап на познати музички звезди, меѓу кои и Васко Жабата. "Заедно одбележуваме 21 годишнина од Охридскиот рамковен договор како и започнување на преговори за полноправно членство во Европската Унија" - се вели на фејсбук-страницата на Министерството.
Се очекува настапот на Васко Жабата да биде почеток на едно прекрасно пријателство меѓу Албанците, Бугарите и ////.