logo

# Сатира

Васко Ефтов: Не сум Васко Ефтов, ме смениле во болницата!

насловна слика
Васко Ефтов, човекот кој ни ги откри сите мистерии и заговори. Човекот без кого никогаш немаше да знаеме дека Тито вусшност не е Тито - туку некој друг човек. Човекот кој ни го разјасни убиството на Аркан. Преку неговите емисии дознавме и за масоните и нивното влијани во политиката и како всушност големите светски сили ја креираат политиката во нашата држава. Ексклузивно, за нашата редакција, Васко Ефтов за прв пат проговори за својот приватен живот. И не би бил Васко Ефтов - Васко Ефтов, доколку повторно не ни откриеше шокантна мистерија. „Јас всушност и не сум Васко Ефтов. Ме смениле во болницата кога сум се родил. Јас всушност сум многу мил и пријатен човек за разговор. Дали мислите дека случајно водителот на „Во Центар“ има таква моќ да разоткрива мистерии? Ма ајде, ви се молам! Сите знаеме дека тоа е човек донесен од масоните за да креира јавно мислење во Македонија. Само будала човек може да мисли дека јас сум Васко Ефтов!“ - изјави за нашата редакција Васко Ефтов.

Коментари


Остави коментар