logo

# Сатира

Васко Ефтов: Бил Гејтс го чипирал Киро Глигоров уште во 1995-та

насловна слика
Нова теорија на заговор откри Васко Ефтов во својата емисја „Во Центар“. Имено, според тврдењата на многу експерти, презентирани во емисијата, проектот за чипирање на популацијата Бил Гејтс го започнал уште во 1995 година со чипирање на поранешниот македонски претседател Киро Глигров. Експертите тврдат дека атентатот не бил случаен и дека истиот бил орагнизиран од страна на Бил Гејтс со цел да се чипира Киро Глигоров, преку кој масоните се обидувале да ја контролираат Македонија. Оваа теза ја потврди и српскиот експерт за мењународно право, мењународна политика, мењународни односи со јавност и мењународна безбедност - Јованче Квазипашиќ од српското село Јабука. „Дека Бил Гејтс го чипирал поранешниот македонски претседател Киро Глигоров знаат и врапчињата. А вие не сте будали и самите ќе заклучите како сето ова со врапчињата е поврзано со 5Г мрежата. Ако детално ја анлизирате главата на Киро Глигоров јасно може да се забележи дека е вметнат чип. Сето ова е дел од еден голем план на масоните да го контролираат светот.“ - истакна Јованче Квазипашиќ.

Коментари


Остави коментар