logo

# Сатира

ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ: Да не ги стеснев становите, сега ќе ви студеше уште повеќе!

насловна слика

Филантроп, интелектуалец, градител, професор, мецена...

Ова се зборовите кои најдобро го опишуваат новиот сопственик на Топлификација, Ванчо Чифлиганец, кој денес излезе на прес-конференција за да се соочи со револтираните скопјани што останаа без парно и преку камерите да ги погледне во очи и да им објасни дека тој лично направил се’ што можел за да им помогне.

 

- Јас го направив своето. Гледав да ви продадам што помали станови кои полесно се грејат и подолго држат топлина кога нема греење. Знаете ли што ќе се случуваше сега навистина да ги добиевте квадратите што ги плативте?! Ќе мрзневте на промајата! Зошто? За 5-6 квадрати плус. Вака можеш со едно калориферче да го стоплиш станот. - рече професорот во своето емотивно обраќање.

 

На сите незадоволни од квадратурата и греењето на становите, тој им понуди решение по итна постапка – стан со помала квадратура и функционално ќумбе за мала доплата од само 50ина илјади евра.

Коментари

xQzUiwbJsz4Va57DXasRpRBnpgG5hGZI1wr2Xo70

дали е овој лик уапсен и на колку е осуден?!!

STxzsAT1W96P9DsbPSZGdaXlq4VsFiAYUjLFcMh1

за да не се гужва у гепек( ионака не го збира) со време фати штрафта у Србија, а ова со топлификација му е добро покритие—- класична особина на итро селанче…


Остави коментар