logo

# Сатира

Утре во 12:00: Свечено отворање на ФБ профилот на Талат Џафери

насловна слика
На инсистирање на пратеникот Александар Кирацовски и под силен притисок од пратеничката група на СДСМ и коалицијата, службите на Собранието на РМ за утре на пладне ја закажаа свеченоста по повод пуштањето во употреба на новиот Фејсбук профил на претседателот на Собранието, Талат Џафери. Церемонијата ќе започне со интонирање на химната и освежување на десктопот, после што г-нот Џафери ќе ги внесе своите податоци и ќе го постира првиот статус, а за крај на свеченоста планирано е да ја испрати првата покана за пријателство до Артан Груби и да стане дел од групата Z̶a̶u̶v̶e̶k̶ ̶J̶N̶A̶ ̶З̶а̶с̶е̶к̶о̶г̶а̶ш̶ ̶А̶Р̶М̶ Forever NATO.

Коментари


Остави коментар