logo

# Сатира

Уставот се проширува за да го собере Каракачанов кога Бугарите ќе влезат во него

насловна слика

По сѐ погласните барања на нашиот источен сосед за влез на Бугарите во македонскиот Устав, Владата на Нашата Земја денес одржа вонредна седница на која се разговараше за неговото евентуално проширување, со цел да го собере најголемиот Бугарин помеѓу македонските и бугарските Бугари, господинот Красимир Каракачанов.

 

Како што нѐ информираа од прес службата на Владата, на седницата е одлучено Уставот да се прошири по мерка на Красимир, но дури откако ќе му бидат земени димензиите, задача што ќе му биде доверена на специјалниот премерувач што го назначи премиерот, професорот Владо Бучковски.

 

Веднаш по назначувањето, Бучковски побарал и добил одобрение за експертска помош што ќе му го олесни мерењето на габаритот на Каракачанов, па тој во Софија отпатувал заедно со истакнатиот експерт, Ванчо Чифлиганец.

Коментари


Остави коментар