logo

# Сатира

Урсула фон дер Лајен доаѓа во Скопје за да ги убеди граѓаните дека асфалтирање на паркот е супер идеја!

насловна слика

Ден откако социјалните мрежи се обединија против идејата на Данела Арсовска за бетонирање на дел од Градскиот парк, ЕУ најави помош за градоначалничката на Скопје!


Имено, средно-високата преставничка Урсула фон дер Лајен ќе пристигне во Скопје следната недела за да ги убеди Скопјани дека асфалтирањето и не е така лоша работа.


"Скопјани, ве молам размислете. Не дозволувајте емоциите да ви ги носат одлуките. Не треба одма да се реагира. Седнете, размислете. За вакви работи треба да се размислува и да се дебатира. Најбитно е да има разговор. Лесно е одма да се каже "НЕ! НЕ Е Е НЕ! СКОПЈЕ ВЕЛИ НЕ!", ама подруго е кога малце ќе размислете. Еве, јас сум била низ цел свет, дури до Германија. И сум видела паркови со асфалтирани улици. Ова е иднината. Одберете, дали сакате да имате футуристички парк со бетон, реклами и роботи што ви нудат поволни брзи кредити или сакате да седите таму во некое затуцано место каде што се собираат небањати и наркомани и небањати наркомани? Понудата не е совршена, но е реално најдобра шанса." - изјави Урсула фон дер Лајен во разговор со еден Скопјанец во кладилница.

 

Коментари


Остави коментар