logo

# Сатира

УНЕСКО ќе го заштити струшкиот затвор како културно наследство на корумпираната држава

насловна слика

Организацијата за заштита на светското културно и природно наследство, УНЕСКО, повторно доаѓа на брегот на Охридското Езеро, но овој пат со друга цел - да го внесе затворот во Струга во листата на заштитено светско културно наследство.

 

- Не смееме да дискриминираме. И културата на корупција е култура. А примерот со затворот во Струга, кој за тие што можат да си дозволат е хотел, а за сите други затвор, е навистина уникатен пример за тоа какви апсурди можат да направат корумпираните институции. Ова го нема никаде во светот и затоа наша должност е да го ставиме под наша закрила! – изјавија експертите од УНЕСКО.

 

Како што објаснија тие, под заштита на оваа организација ќе влезе зградата на затворот, но и затворениците што важат за „бели мечки“, кои за тоа ќе добиваат великодушна компензација од 1 милион евра годишно од државата.  

Коментари


Остави коментар