logo

# Сатира

Улицата "Костурски херои' ќе се преименува во "Володимир Зеленски"

насловна слика

Нов ден - нова промена на име благодарение на владата на СДСМ.


Овој пат, тие објавија дека ќе се промени името на улицата "Костурски херои", а се со цел да се даде заслужната почит на Украинскиот претседател Володимир Зеленски.

 

"Улицата "Костурски херои" ќе добие име на вистински херој. Од следниот месец таа ќе се вика "Улица Володимир Зеленски", за да покажеме дека НАТО има вистински херои и вистински лидери. Володимир Зеленски перфектно преставува се што треба да биде претседател на земја членка на НАТО. Ние како членка на НАТО сакаме да му дадеме помош во форма на именување на улица. Башка, претходното име на улицата беше ептен глупо. Костурски херои?!? Костури не може да бидат херои. Само луѓе. Додека се живи. Кај се видело тоа костур да биде херој? Само во филмови! Сигурно името на улицата е од времето на ВМРО кога лажеа дека секој втор човек е вмровец, па дури и мртвите костури... иако до душа костурите гласаа за нив хахаа, ако ми ја сфаќате шегата." - изјави член на СДСМ на прес за новинарите.

 

Се надеваме дека оваа помош ќе значи многу на Украинскиот претседател и Украинците.

 

EDIT:  Сепак планот за смена на името на улицата нема да стане реалност откако СДСМ дознаа дека Украина не е членка на НАТО.

 

"А шо па има да даваме име на улица на чоек што не е дел од НАТО бе?!? Само НАТО има херои! И никој друг! Можеби ќе го смениме името од "Костурски херои" во "НАТОвски херои"... ќе видиме." - беше изјавата на гореспоменатиот член на СДСМ.

Коментари

YTFHEfl5HdCXpC6hlYFwUbEo7Rc7EvSNMrnRgMHp

Малку историја барем да научеше за Македонија и нашите херои


Остави коментар