logo

# Сатира

Украина бара влијателниот Александар Николоски да им помогне

насловна слика

Претседателот на Украина со ново барање за помош од Европа!

 

Откако тој не доби преголема помош од ЕУ, НАТО и САД, Владимир Зеленски го побара пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ - Александар Николовски!

 

Имено, Николовски пред некое време се најде на листата на "40 највлијателни личности под 40 години во Европа", а токму ова е причината зошто Украина го бара!

 

"Мора влијателен човек да ни помогне! Александар Николовски, човек кој со своето влијание до сега има направено... има направено... овај, видете, немаме поим што има направено. Не ни знаеме кој е тој. Отидовме на гугл да бараме влијателни луѓе. Најдовме листа на 40 највлијателни под 40 години во Европа. Овој се вика Александар. Бидејќи името му започнува на  буквата А беше прв. Почнавме да бараме помош под азбучен ред. Александаре Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој и да си ти... те молам искористи ја твојата влијателност за да ни помогнеш!!!"  - беше молбата на Украинскиот претседател до Александар Николовски.

 

 

Коментари


Остави коментар