Управата за Јавни Приходи (УЈП) упати смирувачка порака до сите анти-ваксери кои во следнит период нема да бидат примени во кафулиња, меани, концерти и останати настани.
Од УЈП велат дека првите 10 години се тешки, а после тоа се навикнува човек.
"Нема у кафич да ве примат, а? Е ако де. Нас никој не не' прима во Арачиново со години. Па не гледате да протестираме пред влада, си седиме, си одмараме, не се замараме. Ок е, на почеток е малце зезнато некој да не те прима негде, ама првите десет години се тешки, после ќе навикнете. Поентата ни е, ако ние не се буниме што не не' примаат во Арачиново, што има вие да се буните за еден концерт на Цеца?" - изјави господин УЈП во интервју за нашиот сајт.