logo

# Сатира

UFC Водици Штип: Борбата прекината, попот ги суспендира борците

насловна слика
Голем број верници денес скокнаа во ладните води за здравје и среќа на големиот христијански празник Водици, кој се слави во сите краишта на земјава, но и секаде каде што живеат Македонци. Традиционално, и оваа година имаше жестоки судири помеѓу верниците за крстот т.е. телевизорот, а најмногу се истакнаа Штипјани и ѝ приредија вистинска UFC претстава на публиката, која беше прекината од судијата поради прекумерна употреба на сила. По прекинот, еден од борците беше прогласен за шампион со технички нокаут, по што кулминираше незадоволството кај публиката, па победникот остана без шампионскиот крст, кој ќе остане кај судијата до наредната борба. Фото: Метомакс

Коментари


Остави коментар