logo

# Сатира

Уапсени над 100 граѓани оти се согласиле да му платат на анонимен судија

насловна слика

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во голема полициска акција за конечно расчистување со криминалните инсталации во правосудството, уапсиле повеќе од 100 граѓани затоа што му платиле мито на судија, чиј идентитет не се открива за да не му се наруши угледот.

 

- Уапсените подолг период му подметнувале мито на истиот судија со цел нивните предмети да добијат посебен третман. Дел од нив се фатени на дело при примопредавање на ковертите со пари и токму во тој момент судијата собрал храброст и признал дека го наведуваат на криминални дејства. Тој дури и им го предал на полицајците митото што го собрал денес, за да им помогне полесно да ги најдат и останатите граѓани што плаќале мито преку отпечатоците. - се вели во соопштението на министерството.

 

Од таму велат дека во иднина ќе продолжат со истрагите против граѓани кои потикнуваат криминал со тоа што се согласуваат да го платат митото што им го бараат судиите и најавија уште многу вакви акции.

Коментари

CreJi5YMGgTqBhJClKBAXEgt41EH9UKjux6XPcCO

хахахаха... еден од поштените судии...


Остави коментар