Владата на Република Северна Македонија објави дека само еден ден откако пристигнаа во земјава, веќе излезе прв скандал со бегалците од Авганистан.
Имено, Оливер Спасовски на прес за медиумите објави дека минатата вечер бил уапсен еден Авганистанец кој пијан пеел "НИКОГАШ ТАЛИБАН - САМО АВГАНИСТАН", па полицајците немале избор освен да го уапсат.
"Да. Вистина е. Го уапсивме. Не пеееше гласно, не сметаше на никого. Ама ова е меѓународен скандал што ги руши веќе потврдените постулати на Авганистан. Според новиот, променет устав за кој гласаа талибанците ова е сериозен криминал. Пеење против талибанците е неуставно. Не охрабруваме ниту еден бегалец од Авганистан да пее песни против моменталната влада којa според уставот ја има целата моќ и смее да забранува пеење за слободен Авганистан. Ова воедно е порака и за другите бегалци. Не се сомневајте дека ако пеете "НИКОГАШ ТАЛИБАН - СЕКОГАШ АВГАНСИТAН" ќе бидете затворени и казнети. Готова е таа работа. Според уставот си пишува тие се на чело. Се е во ред. Ајде баталете го минатото и гледајте напред." - изјави Спасовски.