logo

# Сатира

ТУПАНЧЕВСКИ: Бев во Палермо за да истражам дали ФФМ легално ги дели гратисите!

насловна слика

Тајна истрага за тоа како ФФМ и ФИФА ги распределуваат гратисите за натпреварите на нашата репрезентација е вистинската причина поради која министерот за правда, Никола Тупанчевски, прифатил да отпатува во Палермо на сметка на федерацијата, а потоа да ја замајува јавноста уште две недели дека се’ си платил сам.

 

- Значи многу сум лут! И на новинарите, и на граѓаните. Со колешката Фатиме потрошивме саати и саати, пропатувавме километри и километри, и се’ тоа гратис, само да истражиме дали нешто е нелегално и се’ ни падна во вода од еден муабет. А фалеше уште да ја гледаме Португалија во Порто за да ја заклучиме истрагата и да почнеме со апсења. Ама неее...вие одма разгласивте, ко некои алапачи! – се издра министерот Тупанчевски.

 

Во обид да го смири и да го утеши, екипата на Кооперација му се извини во име на граѓаните на Нашата Земја, но министерот не го прифати извинувањето и рече дека единствен начин тие повторно да ја добијат неговата доврба, е да се организираат и да му уплатат едномесечен престој во Катар за време на Светското првенство.

Коментари


Остави коментар