Тунел долг 14км, кој почнува од подрумот на едно струшко семејство и престанува на само неколку метри од собата на најпознатиот струшки затвореник, Сашо Мијалков, открија рано изутринава затворските власти во КПД Струга.
Како што соопштија тие, креатори на тунелот биле четворица стружани, сите од истото семејство, кои во обид да им обезбедат подобра иднина на своите деца се нафатиле на овој капитален проект и се обиделе да провалат во затворот за да избегаат од реалноста и да се ослободат од секојдневните проблеми.
Од струшкиот затвор дополнија дека на крајот, желбата да имаат 3 оброци дневно им се исполнила, но поради нивниот социјален статус наместо во затворот во Струга, тие се уапсени и префрлени во притворското одделение во Шутка, од каде ќе заминат за Идризово.