Лошата судбина што ги снајде извршителите, кои веќе еден ден протестираат против законот со кој им се намалуваат тарифите, ги мотивираше децата да се солидаризираат и да ги донираат пакетчињата за обесправените.
Идејата е на неколку деца од домот 11ти Октомври, кои ја замолиле воспитувачката да му пренесе на дедо Мраз нивните подароци да ги однесе на плоштад Македонија, на протестот на извршители, затоа што нив им е најпотребна помош.
Примерот на децата го следат и возрасните, па така рударите од рудникот во Злетово решија да ги донираат денешните дневници, земјоделците и сточарите ќе се откажат од субвенциите, а социјално загрозените семјества одбија социјална помош за да помогнат.