logo

# Сатира

Трговец со лимони од Зајас во топ 10 најбогати на Форбс листата

насловна слика
Лимоните што во време на пандемија поскапеа за повеќе од 600%, на земјава ѝ го донесоа првиот милијардер што успеал да се пласира помеѓу топ десетте најбогати луѓе во светот според магазинот Форбс. Се работи за Фисник А., 41 годишен трговец од кичевското село Зајас, кој изби на второто место на листата и сериозно му дише во врат на богаташот број еден, сопственикот на Амазон, Џеф Безос. Инаку Фисник е сопственик на фирмата „Фис-Лемони ДООЕЛ“, која се занимава со увоз и продажба на јужно овошје, но трговијата со лимони му е примарна дејност и таа му ги донесе милијардите со кои се вивна во светот на најбогатите. Покрај него, на листата на Форбс се појавија уште неколку бизнисмени од нашето поднебје, пред се' сопственици на компании што се занимаваат со производство и продажба на брашно, квасец, латекс и тоалетна хартија.

Коментари


Остави коментар