logo

# Сатира

Топаловски: Пријателот Нефи не ме удри, ние така се поздравуваме

насловна слика
Само неколку дена откако Охриѓанецот Спиро Топаловски го пријави советникот во градот и претседател на огранокот на ДУИ во Охрид, Нефи Усеини, дека го претепал со пиштол, а потоа ја демантираше својата изјава твредејќи дека не видел пиштол и дека Нефи Усеини му е пријател, денеска Спиро Топаловски излезе со нова изјава за настанот. Имено, Топаловски тврди дека немало никакво насилство од страна на Нефи Усеини, туку дека станува збор за нивен стар пријателски начин на поздравување, иако спорд полицијата, на снимките од камерите во локалот, сепак се гледа како Нефи Усеини го тепа Спиро Топаловски со пиштол. „Не станува збор за насилство. Удирањето по тил е наш стар другарски поздрав. Само што влезе пријателот Нефи, ме акна по тилот и ми рече: „Кај си бе Спиро, кучо стара...“, по што јас му возвратив „Еве бе Нефи, да си ибеш мајката“. Потоа разговаравме на многу теми, меѓу кои и за нашето детство. Се сеќавам дека ме праша: „Ееее Спиро, се сечаваш кога се бањавме во езероно, ти носеше спидо купачи, а ја бев гол како пиштол...“ Па веројатно затоа ми се имаше увртено пиштол во главата. Уште еднаш тврдам дека немаше никаков пиштол“ - стои во изјавата на Охриѓанецот Спиро Топаловски.

Коментари


Остави коментар