logo

# Сатира

Тој што нема гревови, прв нека пише лош коментар за Стефан

насловна слика

Има една супер приказна од Библијата. Веројатно ја знаете сите. Без разлика дали сте верник или не, приказнава ја има една од најубавите пораки на сите времиња. Не сум експерт на темава, па затоа ќе се обидам да ја доловам на мој начин:

Направила прељуба нешто некоја девојка, и ја осудиле на каменување. Пошто голем грев тоа прељубата, нели? И се собрале дечкиве со камења во рацете, ќе ја каменуваат. А Исус е тука, нешто се шуња. И спремни овие со камењава готово, ќе ја маваат… и кога Исус им вика:

-Дечки све убаво ова, камењава топ работа… Меџутоа, тој што нема грев напраено, прв нека фрли камен!

Прц! Како им го спопика. Со извинење. И тоа е све што сакам да кажам околу фамознава приказна на извесна Фросина Фро, која јавно споделила свои прватни разговори со извесен Стефан, кој е тазе женет, и кој како што се гледа на објавата, нешто како да и се пушта на оваа Фросина Фро. Дечки у реду е. Шврљање на страна не е ок работа. Го знаеме тоа сите. Но она што го убива ова наше општество во срж, не е шврљање на страна, туку јавен линч! Јавен линч кој е најголем пораз на човештвото. Линч од луѓе чија душа се полни само преку болка на друг човек. Се извинувам на вас светците, што нели, никогаш немате изварано, немате на никого ништо погрешено и сте едни прекрасни извонредни луџе, свака част за вас. Меџутим, дај олабавете малку со омразата. Олабавете со осудата. Мислам, генерално, олабавете малце. И така … Пичиња нешто, има а?

Коментари


Остави коментар