logo

# Сатира

Тодоров: АКО СИ ЛОШ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО МОРА ДА ЛЕЖИШ!!!

насловна слика

Поранешниот министер за здравјебоже - Никола Тодоров конечно го откри својот став за катастрофата во Тетово.

 

Според него, мора да има правда и одговорност и секој лош министер за здравство има дел од вината секогаш кога поради недоволна грижа и корупција ќе умираат луѓе, како што тоа се случи вчера во Тетово, а и општо во КОВИД пандемијата.


"Ако си лош министер за здравје мора да си лежиш! МОРА! Еве, јас,порано бев очаен министер за здравство и сега си лежам. На кревет со мемори пена. Знаете, многу е напорно за грбот по цел ден да седиш и да пишуваш статии. И затоа навечер си лежам. Се надевам дека Венко ќе успее да лежи вечер и дека ќе се наспие. Како човек што се грижи за здравјето му препорачувам 8 саати да се наспие и да не се грижи ептен, му чувам место. Кога ќе се пензионира и тој ќе може да пишува статии како мене." - напиша Никола Тодоров на МајСпејс.

 

Коментари


Остави коментар