logo

# Сатира

ТИНДЕР ГО БАНИРАШЕ ВЛАДИМИР ПУТИН ОД СВОЈАТА ПЛАТФОРМА!

насловна слика

Очигледно дека светот навистина сака да и помогне на Украина!

 

Секако, не на вистински начин туку на начини кои ќе соберат голем број на "Хаха" реакции на фејсбук.


Тиндер објави дека ќе го банира Владимир Путин од својата платформа и дека тој нема да може да бара згодни (и помалку згодни) девојки на оваа апликација.

 

"Сметаме дека Путин често е попален. Иако е во години, најверојатно му работи либидото. Не сме ни провериле дали има профил, ама сепак, битно е да кажеме дека имаме некакви санкции. Го банираме од сајтот! Не смее да користи Тиндер и да им пишува на девојки "A sto pravis ti ako ne e tajna zasto uste ne spies haha" или било какви други пораки. ЌЕ ПОБЕДИ МИРОТ! СЕКОЈА САНКЦИЈА ПОМАГА!" - изјави претседателот на Тиндер.

Коментари


Остави коментар