logo

# Сатира

Тимот дизајнери на Владата го презентираше новото знаме на Нашата Земја

насловна слика

Новото предлог знаме, чија цел е да ги сплоти сите граѓани на Нашата Земја и да ја раскаже нивната приказна, беше презентирано денес во Владата во присуство на повеќе високи гости од земјава и странство.

 

Автори на знамето се мистериозните дизајнери од Владата чие име не се открива, но според шпекулациите се работи за истиот тим кој го подготви дизајнот на логото по повод 30 годишнината од независноста и нацрт планот за кружниот тек во Струмица. 

 

За да ја задржат својата анонимност, тие се обратија до јавноста со соопштение во кое објаснија дека новото знаме ќе биде симбол на поставеноста на моралните вредности во политиката и во општеството, како и правиот пат на кој се најде земјава благодарение на исправните политики на сите досегашни влади.

Коментари

XiYFLDDwWl7BQmE864c4QGiAlJl3lHZI6bAtSYdx

хахаха...одличен коментар...хахахаха

qfHbZaj4f9Pi64EKLR6f7WiGsw1vkAmC7QZKs8mz

malo sonce a okolu edna golema mesecina


Остави коментар