Овие денови голем дел од спортските аналитичари пробуваат да откријат која е причината за поразот. Некои ги обвинуваат играчите, некои го обвинуваат тренерот, а има и такви кои кривицата ја бараат во лизгавиот терен. Секако, многу луѓе се решија да го обвинат судијата.
Но, сепак, еден познат интелектуалец конечно дојде до вистинското решение за поразот на фудбалерите - ТИЕ ШТО НЕ ГЛЕДАА!
"Видете, едноставно е. Тие што не гледаа фудбал се највиновни. Потоа, најголеми кривци се тие што не играа воопшто и седеа на клупата како неискористени замени. Многу веројатно причината за поразот беа играчите што не ни стапнаа на теренот или пак оние кои не го ни гледаа мечот. Математиката е едноставна и бројките тоа го потврдуваат!
Затоа, порака до сите - АКО САКАТЕ ДА ПОБЕДАТ ФУДБАЛЕРИТЕ... ГЛЕДАЈТЕ! Инаку...вие сте криви" - објави познатиот научник кој веќе зад себе има неколку издадени книги.
Неговата најпозната книга е "Државата ни е срање поради тие што не гласаат на избори"