Откако социјалните медиуми беа шокирани од изјавата на градоначалничката на Тетово која кажа дека дури сега планира да започне со проект "зелен град Тетово" и покрај тоа што долги години ја има позицијата "мајка на градот", Теута Арифи се обрати кон злите јазици за да докаже дека е искрен политичар и дека нејзината последна изјава е извадена од контекст.
"Не ме сфатија луѓето. Кога реков дека ќе го направам Тетово "зелен град", многумина мислеа дека ќе помогнам со екологијата. Ама не ми беше тоа целта. Сакав да кажам дека ако победам на изборите ќе го направам градот зелен, односно незрел. Како јаболко. Како тетовско јаболко. Дека нели, за градоначалничка на Тетово ќе се кандидирам. Сфаќате? Има логика. Кој сака зелени јаболки? Никој! Сите ги кинат црвените јаболки! Зелените никој не ги кине! Тоа ми е целта! Да не дозволиме никој да ни го скине градот! ЗА ЗЕЛЕНО ТЕТОВО!" - напиша Теута Арифи на социјалните мрежи.