Мистеријата за анонимниот тетовчанец, кој деновиве беше присутен во сите вести од причина што успеал да заврши средно образование по обратен редослед, конечно е разешена откако негов близок пријател објасни на кој начин била завршена работата.
- На пријателот итно му требаше дипломата, па еден друг пријател од Мала Речица предложи да ѝ туриме европско знаменце за да го забрзаме процесот и тоа го сторивме. Кога може за закони, зошто да не може за испити? - изјави тој.
Еден од професорите на ученикот се пофали дека веќе стапил во контакт со еден од директорите на неименувано училиште во Тетово, каде феноменот ќе го продолжи своето образование и, ако се' биде како што треба, ќе заврши и основно.