Неверојатни сцени се случија на денешната "Прајд парада" во главниот град на државата.
Имено, еден од учесниците на парадата започнал сериозна расправија што завршила со навредата "Хетеро еден" упатена кон еден од другите членови на парадата.
"Ја се шокирав да ви кажам право. На кого бе он вака??? Каков е овој говор на омраза? Ја хетеро? Па ја на вакви како него им ги заведувам татковците бе! А бе ја кога одев на концерти на Владо Јаневски он уште сексуалноста не си ја знаел бе! Ептен ме повреди овој говор на омраза, а сите знаеме дека зборовите повредуваат повеќе од физичката болка." - изјави навредениот член.
Го запрашавме каква врска имаат концертите на Владо Јаневски со ситуацијата, а тој ни кажа: "Никаква. Онака, само сакав да си кажам."
Како што дознаваме, немало никаква тепачка, ама сериозно било повредено егото на едниот учесник, а другиот член на парадата имал расипана маскара.
"Еј, маскарата не му ја ни чепнав, не сум јас крив што е жешко и што цела шминка се топи!!!" - во негова одбрана рече еден од кавгаџиите на парадата.