logo

# Сатира

ТЕНЗИИ ВО РАЈОТ: Се бара сертификат повеќе!

насловна слика

Митрополитот преспанско-пелагониски Г. Петар, нѐ извести дека за влез во рајот редицата освен што е голема, проблеми настануваат и со сертификатите. Се бара сертификат повеќе за оние кои починале, но немале можност претходно да се вакцинираат.

„Овој закон за влез во рајот само со сертификат за вакцинација дојде ненадејно, иако јас како да насетив, долго време апелирав дека за невакцинираните нема да има место во рајот. Од моментот на спроведувањето на законот постојано ме бараат одозгора! Гужвата е преголема, починатите се жалат на клаустрофобија пред рајските порти. Помагам колку можам, а помага и Бог! Но, сепак за сертификатите се наделжни други институции! Би сакал да можам сертификатот да го прогласам за умрено, но и таа надлежност ја немам!“ – набрзина изјави владиката Петар и се врати на повикот одозгора.

Остануваме на терен!

Коментари


Остави коментар