logo

# Сатира

ТАЖНО! Македонец не знае дека сме дел од ЕУ веќе неколку години!

насловна слика

Да, возможно е! Дури и во 2021, година на технолошки развој, време кога сите дознаваат информации со брзина на технологијата и сите праќаат слики од својот пенис побрзо од било кога претходно! 

 

Но сепак вистинито.

 

Човек од нашата земја, не знае дека веќе неколку години сме член на ЕУ!

 

Му објаснивме дека Заев добил прекрасни вести во авионот, дека имало и неуспешен референдум за ЕВРОПСКА Македонија и дека сите можни странци ја фалат државава за тоа што се случува!

 

Сепак, овој господин ни кажа дека нема поим дека веќе неколку години сме биле дел од ЕУ.

 

'А бе... си одам на работа... се враќам... одам до аптека лекови да купам... се враќам... си плачам пар саати...легнувам да спијам и се будам другиот ден за работа. Немам поим дека сме влегле во тоа...ИУ? ЕИ? Како беше? ЕУ? Немам поим. Викаш сме влегле у тоа, а? Могуче да ти кажам право, не сум у тек..." - изјави господинот.

Коментари


Остави коментар