logo

# Сатира

Тамара Тодевска ќе ја тетовира Нина Јанева!

насловна слика

Да имавме по еден денар за секоја ситуација кога македонска пејачка ќе го заборавеше Гоце Делчев од химната ќе имавме две денарчиња.

 

Што не е многу, ама сепак е малце интересно што се случило нешто вакво два пати.


Секако, првиот ваков случај беше Тамара Тодевска, а од пред некој ден и се придружи и Нина Јанева.

 

Во знак на поддршка за колешката со слични мемориски проблеми, Тамара Тодевска се понуди да ја тетовира Нина Јанева на своето тело.

 

"Мора ние да се држиме заедно. Затоа решив да ја тетовирам Нина Јанева на моето тело.

 

Иако, уште немам решено како тоа ќе го направам.

 

Би било малце чудно на моето тело да имам истетовирано цела жена, зарем не?

 

Или само главата?

 

Мислев само името да и го пишам, таму под химната, ама не оди некако, ќе испадне дека за Македонија се бореле: Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански, Нина Јанева.

 

Па после уште фали таквата тетоважа да ми ја види Мила Царовска па да воведе реформи во учебниците дека Нина Јанева се борела во 1903 против турскиот административец?

 

Не знам, многу чудна работа, ама најверојатно ќе ја тетовирам и ќе се надевам дека нема многу други пејачи да ја утнат химната, пошто ако почнам сите да ги тетовирам.... или замислете па XXL да ја утнат химната? Па на сите четири имињата да им ги пишувам?

Не знам, зезната работа испаѓа се ова..." - изјави некоја жена за нашиот вебсајт додека ја чекавме Тамара Тодевска за интервју.

Коментари


Остави коментар