Овие денови Али Ахмети кажа дека е прашање на време кога ќе се промени химната, а владата на нашата земја цврство го демантираше ова.
Што значи дека прашање на време е кога ќе се смени химната.
Поради ова, екипата на Кооперација стапи во контакт со Тамара Тодевска која патриотски застана против промена на името:
"Па чоече, дали се овие нормални? Што мислат, ја сум сумоборач некој?!? Колку место мислат дека имам на телово? Што? И јас ли како и Анџелина Џоли цел грб да го тетвоирам? А замисли па новата химна ако е некоја со 10 строфи??? Па што си мислат овие бе? Јас на пари ли спијам??? Знаете ли колку е скапо тетвоирање?" - изјави Тамара Тодевска.