logo

# Сатира

ТАМАН ДА ГО ЗАВРШАТ: Кинеската ракета падна на автопатот Охрид-Кичево

насловна слика

Кинеската ракета за која со денови брујат медиумите и шпекулираат за локацијата на која ќе падне, го избра најлошото можно место да го стори тоа – автопатот Кичево-Охрид, некаде помеѓу Лешани и Злести.

 

Информациите со кои располага Кооперација велат дека ракетата паднала пред околу 20ина минути,  а министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој во живо го следел настанот преку Скајп, се расплакал кога видел дека целиот километар автопат што го изградил за време на својот мандат е неповратно оштетен и ќе треба да се гради од почеток.

 

Според првичните проценки на штетата, за автопатот да се врати во првобитната состојба, ќе бидат потребни најмалку 600 милиони евра, плус додатните трошоци за отстранување на ракетата и остатоците од стариот автопат, кој ќе достигнат 100ина милиони.

Коментари

mfh9ZW2v41HXpVQcS5mJw1xDrYIebcx5K0ZXmKTc

.! Што кума донела, то кума појела. А сваа кумаи зијан направила!


Остави коментар