Режимот на Талибанците веќе ја докажува својата моќ откако го освоија Авганистан после заминувањето на армијата на САД.
Откако веќе најавија многу промени во секојдневниот живот, екипата на Кооперација стапи во контакт со Американец во Авганистан кој ни објасни за ситуацијата во државата.
Еве го мејлот што ни го испрати господинот:
"Здраво.
Се викам Томас Алфред Ибанец.
Може да ме викате Ал, нагалено.
Живеам во Авганистан веќе неколку години и премногу сум исплашен.
Талибанците веќе почнаа со стругање на шахти каде што има Американски обележја.
Страв ми е бидејќи на грб го имам тетовирано Американското знаме. Се надевам нема да ме најдат.
Опасно е многу!" - се вели во мејлот на Т. Ал Ибанец за нашиот сајт.